Елегантна креација од црно кадифе, инспирирана од црниот и белиот лебед, со рачно драпирана силуета, вкрстено деколте и вертикален отвор. Длабокиот V-изрез на грбот преминува во раскошен шлеп од слоевит бел тул, кој суптилно се открива и од предната страна.